На Инфективното одделение во штипска Клиничка болница починаа четири пациенти. Директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека од корона вирусот починати се тројца пациенти, 52-годишен кочанчанец и 68 и 71годишни родовишани. Четвртиот пациент што ја загубил битката со вирусот бил сомнителен случај.

Попладнево почина и заменик-народниот правобранител во Штип, но ќе се евидентира во утрешниот здравствен билтен.

Ѓеорѓијев вели дека за разлика од пролетниот бран, сега во текот на есенските месеци поголем дел од хоспитализираните случаи се со тешка клиничка слика, од кои 14 се и во критична состојба. На одделението имаат 20 пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка.

Во моментов на Инфективното и Кожно одделение се лекуваат вкупно 57 пациенти од целиот источен регион, а се размислува да се прошири болничкиот капацитет и на друго одделение.

Во октомври имаме потрошено 13,5 тони медицински кислород, а во септември 6,5, што е двојно и покажува во каква состојба ни пристигнуваат пациентите во болницата – вели Ѓеорѓијев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.