По кратко боледување, на 77 години денеска почина проф. д-р Перко Колевски.

Колевски е првиот министер за здравство во независна Македонија и редовен професор на Медицинскиот факултет. Основоположник е на имунологијата и трансплатацијата на бубрег во Република Македонија.

Директор на Институтот за Трансфузиона Медицина при Клинички Центар Скопје.

Добитник е на Државната награда “ 11 Октомври”. Бил одликуван и со Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.