Вчера на 68 години почина примариус доктор Петар Ачковски. Цел работен век го помина како анестезиолог на КАРИЛ, а беше долгогодишен шеф на Трауматологија.
Како експерт во својата област, д-р Ачковски беше баран и од реномирани здравствени центри во светот, како болницата во Данска каде помина дел од својата кариера.
Ачковски е доктор високо почитуван од фелата. Тој несебично го споделуваше своето знаење во областа на медицината со младите негови колеги.
Во својата кариера има спасено илјадници животи, но за жал тој ја загуби битката за својот живот со најлошата болест.
Ачковски беше дел од тимот кој го лекуваше Киро Глигоров по обидот за атентат.
Погребот на д-р Ачковски ќе биде утре, но поради состојбата со пандемијата во Македонија, ќе биде погребан од потесниот круг на најблиските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.