Поранешниот пратеник од Струга, Стојче Ковачевски, почина денеска, а веста за неговата смрт ја пренесе Радмила Шекеринска.
Засекогаш замина нашиот другар, нашиот соборец социјалдемократ, доктор по интерна медицина и поранешен пратеник Стојче Ковачевски од Струга. Споменот на овој прекрасен човек засекогаш ќе остане во нас. Неговата чесност, принципиелност, праведност и преданост го правеа посебна личност во политиката. Сочувство до семејството!, напиша Шекеринска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.