Ненадејно, како последица на кардиоваскуларни проблеми, на 55-годишна возраст почина Горан Гаврилов, основач и управител на националното радио „Канал 77“.

Гаврилов беше еден од пионерите во новиот медиумски простор по осамостојувањето на Македонија во 1990-те години.

Радио „Канал77“ почнува со својата работа на 4 октомври 1991 година, кога по неколкумесечно емитување на експериментална програма, во Штип, радиото официјално почна со емитување на сопствена програма.

Сè до 1995 година, „Канал 77“ работи како локално радио, кога во периодот од 1995-1997 година се гради мрежа за покривање на на Македонија.

Гаврилов, исто така, беше основач на АПЕММ, асоецијацијата на приватните електронски медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.