На Kовид одделението во болницата во Кавадарци почина дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника.

Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно јавноста ја потресе смртта на 26 и 21-годишните млади кавадарчани.

Точно е дека на Ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата – за МИА утрово потврдуваат од кавадаречката болница.

Оттаму велат дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа. Тие биле на возраст од 74 и 77 години и биле со многу сериозни коморбидитети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.