Судија за извршување на санкција го прифатил барањето на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска да се одложи издржувањето на затворската казна, изречена за случајот „Тенк“, до 1 јули поради чување на дете, соопштија од Кривичниот суд.
Претходно, Апелација делумно ја уважи жалбата на Јанкуловска и ѝ ја намали затворската казна од шест на четири години затвор.
Таа е обвинета дека при набавка на службено возило „Мерцедес“, за поранешниот премиер, Никола Груевски, ја злоупотребила службената положба и овластувања и во тендерската постапка бил фаворизиран еден економски оператор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.