Со изведување на предложените материјални докази од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за настаните од 27 април во Собранието.

Ваљаноски продолжи со читање делови од стенографските белешки од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието.

Вељановски ги прочита имињата на пратениците кои добиле збор или барале процедурално, меѓу кои Оливер Спасовски, Илија Димовски, Крсто Муковски, Зекирија Ибраими и други, за кои посочи дека неколку пати ги повикал да се откажат од правото на реплика.

Потенцираше дека пратеникот Зекирија Ибраими побарал процедурално и оти морал да му даде збор, меѓудругото и затоа што бил заменик координатор на пратеничкка група.

За потсетување, кога Ибраими излезе на говорницата почна да ја пее албанската химна што беше повод незадоволните граѓани да влезат во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.