Македонија е меѓу првите десет најмалку безбедни земји а во вкупниот поредок е на 125 место со индекс 13, 7. Ова се наведува во најновиот извештај на „Global Finance“ во кој се мерат најбезбедните земји.
Побезбедни од Македонија се Либан, Венецуела, Пакистан, Бангладеш,Гвинеа Бисау, Бурунди и Брегот на Слоновата Коска, наведува поранешниот премиер Никола Груевски во Фејсбук статус. Груевски исто така наведува дека потребна е детална анализа на извештајот и потоа конкретни мерки кои реално ќе ги подобрат состојбите.
Најбезбедни земји во светот се Исланд, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Во овој извештај свое значајно влијание има пандемијата со сите нејзини параметри, како смртноста, вакцинацијата итн.
Но, што и да влијаело на сето ова, постои ризик, покрај реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, овој извештај да се одрази негативно на приливот на странски директни инвестиции, имајќи во обзир дека рангирањето е направено од субјект кој има голема доверба во светот на финасиите и бизнисот, коментира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.