Кастриот Реџепи, одметнатиот пратеник од Беса, го посети и министерот за правда Бојан Маричиќ, откако претходно имаше средби и во кабинетите на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Стабилно мнозинство и стабилна Влада се клучни во месеците кога се прават големи напори за отворање на преговорите со ЕУ. Со пратеникот Кастриот Реџепи се согласивме дека ни престои навистина важен период во евро-интегративниот пат, а потребата од продолжување на реформите е голема“, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Реџепи на 11 ноември не се појави во Собранието на седницата за гласање недоверба на Владата, по што опозицијата остана без еден пратеник и не можеше да обезбеди кворум. Тој рече дека иако се потпишал на иницијатива за гласање недоверба, околностите се смениле и решил во име на европските интеграции да не гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.