Откако пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на владината зграда беше поставена тројазична табла со „Република Македонија“, а денес, пак, и новиот претседател доби уверение на албански јазик, промени следат и во Царинската управа.

Царина има ново лого, половина напишано на македонски, другата на албански јазик.

 

По бројните вработувања и унапредувања на албански кадар во Царинската управа, оваа институција, во која заменик-директорот е Ирфан Бучи, од Демократска унија за интеграција, е позитивен пример за имплементација на албанскиот јазик во институциите, пишува албански „Bashke“, споделувајќи ја веста за имплементацијата на албанскиот јазик во новото лого.

Заменик-директорот Ирфан Бучи

За потсетување, Ѓорге Иванов до својот последен работен ден вчера не го потпиша указот за Законот за употреба на јазиците, но владата на СДСМ и ДУИ континуирано нелегитимно го злоупотребува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.