Братот на министерот Фатмир Бесими, Флорин Бесими го враќа мандатот во Собранието. Преку соопштение информира дека оваа одлука ја донел откако биле објавени имињата на кандидатите за министри во новата влада, меѓу кои е и неговиот брат, но и со претходна консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Заедно на овие избори направивме голем исчекор и издвоивме историска победа. Морално сум обврзан да дадам едно пријателско објаснување, околу ангажираноста, и вашата неуморна работа на терен за големата победа на Демократската Унија за Интеграција во секое населено место и во секој град. Заедно успеавме да покажеме беспрекорна организација, дух и мобилизација. За мене претставува посебна чест и одговорност да ве претставувам во Собранието на Република С. Македонија, но околностите денес ми наложуваат да донесам сосема друга одлука, пишува Бесими.
Особено сум горд што вашиот глас допринесе за реализација на најдобриот коалициски договор, што ние како политички субјект досега сме го имале, вклучувајќи ја идејата за прв премиер албанец. Овој договор го оценија како историски сите релевантни албански политички фигури. Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и волјата на народот,
изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собраието на РСМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во Собранието, вели Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.