Следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза. Ваков договор вечерва постигнале премиерот Зоран Заев, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кои одржаа работна средба заедно со своите тимови.

На средбата беше потврдено дека исполнета е целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и во интерес на државните интереси. Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, се вели во владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.