Откако МНР вчера потврди дека македонски дипломат бил уапсен во Србија на граничниот премин Прешево –
Табановце минатата недела при обид за влез во Македонија министерот за надворешни работи Бујар Османи денес најави целосен ветинг односно детално испитување и проверка на сите дипломати за да не се случи повторно ваков скандал лица барани со потерници да работат како дипломати.
Османи потврди дека досега објавените информации се делумно точни.
Како што се дознава станува збор за заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Виена Миле Миленковски кој се барал со меѓународна потерница за дело кое го направил пред три години. На приватно патување, на кое со помош на уште едно лице помогнал во бегството од Ерменија на братот на сменетиот ерменски претседател, против кого во Ерменија се воделе процеси за затајување на данок и незаконско богатење. Ерменските власти македонскиот дипломат го бараат заради помагање во бегство на лице осомничено за злоупотрeба на неколку милиони евра.
Македонскиот дипломат со уште еден пензиониран дипломат биле уапсени уште на 27 Август а МНР се до вчера не се огласи за случајот.
Османи за целиот скандал вели дека дознал откако дипломатот бил уапсен во Србија, а дека во МНР
немало никаква информација или пишан документ за тоа дека со меѓународна потерница се барал вработен во МНР бидејќи дипломатот делото за кое се сомничи го извршил за време на приватно патување во Ереван, главниот град на Ерменија во 2018 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.