По две години на функција, доктор Гоце Чакаровски си поднел оставка од функцијата национален координатор за здравство во Владата.
Во решението што било донесено на владината седница одржана на 22 мај се вели дека поранешниот заменик-министер за здравство сам побарал да биде разрешен.
Решението веќе е објавено во Службен весник, а функцијата на Чакаровски завршува на 31 мај.
Тој беше заменик министер за здравство до јуни 2018, а потоа битолчанецот стана Национален координатор за здравство како дел од владината реконструкција.
Чакаровски е специјалист по гинекологија и акушерство.
Тој е кадар на СДСМ уште од 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.