Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, беше потврден на ЦО на партијата. повлече еден од десетте предлози за нови членови во партиските органи.
Ваквата одлука на Ковачевски дојде откако присутните бурно реагирале бидејќи со тоа се кршел партискиот деловник за работа, дознава ТВ21 од партиски извори.
Како што дознаваат од телевизијата еден од првите кои реагирале бил актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Како што дознава ТВ21, станува збор за Дејан Блажевски, предлог на Ковачевски кој подоцна истиот го повлекол, најавувајќи дека на следната седница ќе биде избран нов претставник во партиските тела од охридскиот регион.
Статутот на СДСМ предвидува дека членови на највисоките партиски тела (извршен и централен одбор) може да бидат само членови на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.