Демократската унија за интеграција, веднаш по претседателските избори, ќе го преземе кормилото на Министерството за труд и социјална политика. Така велат за Medial.mk извори во партијата на Али Ахмети.

Овој потег на ДУИ доаѓа како резултат на несогласувања со СДСМ во врска со Законот за заштита на децата, односно обидот на актуелната министерка за труд и социјална политика, Мила Царосвска, да ја отстрани мерката „Трето дете” и нејзиниот обид за реформи во системот за пензионирање преку таканаречената „Социјална пензија” каде секој граѓанин кој има само еден работен ден стаж може да се пензионира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.