Групата на земји за борба против корупцијата ГРЕКО, која минатата година ја скенираше состојбата во земјава, препорачува да се изврши проверка на етичките норми на премиерот Зоран Заев, на неговите педесетина соетници, на министрите, ДКСК, советниците на министрите и на МВР и на директорот на Бирото за јавна безбедност Советниците на премиерот Зоран Заев и министрите, односно луѓето со кои се опкружени највисоките носители на извршната власт.

Според препораката, ќе се проверуваат и сегашните советници на Заев, односно дали го искористил своето политичко влијание доколку некој од нивните блиски роднини се вработени во државни институции. На прв поглед, ваков конфликт на интереси меѓу советниците кај премиерот можно е да се утврди кај советникот на премиерот Горан Стаменковски, кој истовремено е вработен и во Кривичниот суд. Ваквата проверка треба да ја направи самиот премиер и оваа проверка да ја објави на веб-страницата на Владата.

Како што објаснува професорката Ана Павловска-Данева, претставничка на земјава во ГРЕКО, оваа организација бара да се утврди дали луѓето на премиерот и министрите имаат некаков конфликт на интереси.

Ќе треба да се воведат таков вид критериуми, прашалници, да се види дали има конфликт на интереси пред тие да бидат ангажирани за советници, а за постоечките наназад ќе треба да се испита тоа, вели Павловска-Данева.

Откако во јавноста се објавија имињата и парите што ги земаат советниците на премиерот, тие беа објавени на веб-страницата на Владата. И додека премиерот ги објави своите советници, ниту еден министер во Владата ги нема објавено имињата на своите советници. ГРЕКО бара на веб-страницата јавно да се објават советниците на сите министри и да се напише што точно работат тие, за јавноста да знае секој советник што работи, односно што го советува министерот или премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.