По пауза од 42 дена повторно во Македонија има повеќе активни од оздравени пациенти со ковид-19 од кога почна епидемијата кај нас.

Првиот случај на заразен со ковид-19 беше регистиран на 26 февруари.

Денеска Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистирани 175 нови случаи на ковид-19, петмина пациенти починале, а оздравеле 18 пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, Бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687, што е за пет случаи повеќе од оздравените.

На 30 април годинава министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека првпат од почетокот на епидемијата во земјава има повеќе оздравени (738) отколку активни случаи (650) на ковид-19. До 30 април биле направени вкупно 16 436 теста.

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.