Добрила Кацарска, новоизбраната претседателка на Уставен суд, во емисијата „Трилинг“ изјави дека во оваа судска инстанца е пристигната опомена да се постават табли согласно Законот за примена на јазиците.

Законодавниот дом ги носи законите, а граѓаните се должни да ги почитуваат законите. Следат и казни, зарем треба да платам 5.000 евра. Не се работи само за парите, но би се чувствала срамно. Не сум казнета ниту прекршочно, а возам од 18 години. Опомена во Уставниот суд е стигната, затоа што не се променети таблите. Во Уставниот суд нема систем за електронско евидентирање на вработените, што е законска обврска. Набавката е во тек на овој систем. Се што е пропуштено, јас ќе го направам, без разлика дали мојот рејтинг со тоа ќе се намали или зголеми – рече Кацарска

.

Таа посочи дека иако нема обврска да бара согласност за да ги промени таблите, сепак ги прашала судиите дали сакаат да дискутираат за тоа.

Ниту еден судија немапе ништо против. Јас сум прва меѓу еднаквите и имам организациски обврски. Не ме интересира дали тоа ќе му одговара на некоја политичка елита или не, рече Кацарска во „Трилинг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.