Нецели 24 часа откако европратеникот на партијата ГЕРБ на бугарскиот премиер Борисов на ТВ Алфа се обиде да прикаже дека Бугарија во 1941 година во Македонија дошла како ослободител дојде реакција од Ваташа.
Веднаш по најновиот бугарски обид на Ковачев да се искриви историјата во кавадаречкото село се појави напис “Крвопис е и Ваташа”.
Во ова село бугарските фашистички окупатори на 16 јуни 1943 година убиле12 македонски младинци за кои бугарската политика сега тврди дека биле Бугари.
Графитот во Ваташа се појави по емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ во која учествуваше европратеникот Андреј Ковачев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.