Веќе во 9.30 часот утрово е закажано сослушување на обвинетите, по што следуваат завшни зборови и пресуда за случајот „ТНТ“, за кој вчера доцна вечерта заврши главната расправа.
Судијата Огнен Ставрев вчера ја држеше главната расправа од 9 до 20.30 часот.
Според познавачите тој брза по секоја цена да го заврши судењето и да ги осуди до 24 декември бидејќи тогаш на една од судиите-поротници ѝ истекува мандатот иако Лилјана Ивановска Кочковска уште пред две години и пет месеци има наполнето 60 години и не смее да суди и да биде член на судски совет.

Според законот судија-поротник не може да биде лице кое наполнило 60 години. Ивановска Кочковска го поминала прагот на 7 август 2017 година, но извесно е судот и судскиот совет да не реагираат за да не се одолговлекува процесот и побрзо да осудат лицата под политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ.
Улогата на Огнен Ставрев во „ТНТ“
Претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, важи за партиски судија на СДСМ во Кривичниот суд, а според упатени лица, дури повеќе и од судијката Добрила Кацарска и претседателот на судот Иван Џолев.
Син е на поранешен висок партиски функционер на Комунистичката партија на Македонија и Југославија како и носител на највисоки државни функции во тоа време.
Судијата Ставрев веќе доби поттик со тоа што СДСМ со посредство на Хари Костов, инаку близок пријател на Ставрев, ја вработија сопругата на судијата во градската администрација.
Освен партискиот мотив во судските кулоари се зборува и за уште два други мотиви.
Едниот е унапредување кое Ставрев треба да го добие веднаш по завршување на процесот ТНТ, и тоа унапредување во Апелацискиот суд.
Вториот мотив е малку посериозен. Се шпекулира дека станува збор за ветување на бизнисменот Фијат Цаноски, кој побарува 40 милиони евра отштета од државата. Наводно Цаноски им ветил на повеќемина дека дел од добиените средства од обештетувањето братски ќе ги поделат. Но, за Цаноски да ги добие парите за „братска делба“, Ставрев треба да го одработи своето, односно да ги осуди обвинетите за бесправно уривање на дивоградбата на Цаноски.
Одбраната, обвинетите и обвинителите вчера негодуваа што за само 13 часа се закажува ново судење без можност да имаат време да се подготват за следното рочиште, а образложението на Ставрев беше дека „во корист на обвинетите е побрзо да заврши судењето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.