Независниот синдикат на полицијата на својата страница на фејсбук објави дека во соработка со збратимените синдикати од Република Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП.

Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Денеска, во организација на македонската асоцијација на новинари МАН и Здруженето на новинарите на Србија (УНС) 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа против ковид-19 во Врање, Србија со „Астра Зенека“.

🗣️ Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р. Србија е во…

Posted by Независен Синдикат на Полицијата on Tuesday, 23 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.