На само нколку дена од завршувањето на Конгресот на СДСМ по кој повеќе не е потпретседателка на владејачката партија, Радмила Шекеринска го спомна старото уставно име на земјава – Македонија.

Во гостувањетото во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, а и на статусот што го објави на Фејсбук, министерката за одбрана истакна дека „за првпат во историјата на Македонија покажавме дека можат да се спроведат во пракса социјалдемократските идеи, како што се зголемена минимална и просечна плата, поддршка на социјално загрозените, без да се нанесе штета на економијата“.

Ова е првпат Шекеринска да го искористи старото уставно име на земјава, а досега таа постојано користеше изрази од типот на „нашата земја“, „нашите војници“ итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.