По славењето во Штип, власта вчера донесе нови мерки за заштита на граѓаните од ковид-19 во текот на новогодишните празници. Колку донесените мерки се реални? Или друго прашање кое го поставуваат граѓаните, власта кого манипулира, тие до вчера се веселеа за победата во Штип вон пропишани протоколи, а сега народот пати?
Мерки за „мачкање очи“
На вчерашната прес конференција на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче го објавија новиот сет на мерки за заштита од ковид-19 во текот на новогодишните празници. Мерките ќе стапат на сила на 18 декември и ќе траат до 21 јануари. Мерките не се прифатени од граѓаните, но и опозицијата критикува дека мерките се задоцнети кои ќе немаат доволно ефекти.
Според новите предложени мерки се ограничува работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот.
Забранета организацијата и одржувањето на било каков тип на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворен и затворен простор.
Во овие мерки е вклучена и забрана за хотелите за организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници. Во угостителско сместувачките објекти во нивните ресторани се ограничува работното време до 21.
Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации. Новите мерки опфаќаат и забрана за давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување.
И наместо да се слушне струката во врска со пандемијата со ковид-19, таа се користи за параван за неспроведување на мерки, а се слушаат пи-ар претставите на Филипче и на Заев. Комисијата за заразни болести не е ништо друго туку еден обичен параван, рече на вчерашната прес-конференција Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.
Помпезно славење
Во недела се одржаа избори за на нов градоначалник во Штип, по победата на СДСМ со значително мала излезеност на граѓани на тие избори, власта организираше забава спротивно на сите протоколи и мерки за заштита од ковид-19. Оваа забава или славење од страна на СДСМ беше осудено од целата македонска јавност.
Потребата да се манифестира триумфализам е очигледно, но од кои причини навистина не ми е јасно, затоа што според мене овие избори во Штип и Пласница беа тотално непотребни посебни во вакви услови на светска пандемија, вели новинарот Предраг Димитровски, во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија „Алфа“.
Според Димитровски, морбидно е славењето на СДСМ во Штип, поготово во време кога Македонија секојдневно има по 20 до 30 жртви починати од корона вирус.
СДСМ во време на корона организираше избори на кои што сама учествуваше и едвај сама победи, гласаа луѓе кои што се со забрана за движење, потоа организираше групна прослава во центарот на Штип, а функционерите правеа банкет во ресторан во време по забраната за работа! Истовремено за сите останати важат забрани и казни за групирање, за сите други важат казни за неносење маски, за сите други важат забрани и казни за прослави, за сите други важат забрани и казни за работа на локали по 21 часот, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Вчера на новинарското прашање „Дали ќе се самоказните за славењето во Штип“, алудирајќи на прославите по победата на локалните избори и сите фотографии кои протекоа од нив, премиерот Зоран Заев рече дека немаше никаков вид на славење во Штип, во кое учествувал тој.
Ги носевме заштитите мерки (веројатно мислејќи – маски), одржавме прес-конференција, директно, немаше никаков вид на славење каде што учествував јас со прослави, со пијачки и слично, дојдов, честитав, одржав прес-конференција и заминав према Скопје, одговори Заев, одбегнувајќи да каже дали ќе има казни за тие што навистина славеа.
Македонската јавност во врска со донесените нови мерки ѝ порача на власта дека по изиграните ора во Штип, Филипче и Заев ги исмеваат граѓаните со нови дополнителни мерки. Мерките власта кои што ги носи граѓаните мора да ги почитуваат, а за нив не важат истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.