Владата на седница донела одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски, член на Управниот одбор – претставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола поради постоење на судир на интереси.
Како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, одлуката е донесена по доставената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).
Од Кабинетот додаваат дека Владата покажува комплетна насоченост и почитување кон сите независни тела во државата, а пред се, кон Државната комисија за спречување корупција, како една од клучните институции во откривањето и спречувањето корупција.
Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, оддржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги разгледува и постапува по сите пристигнати иницијативи од ДКСК – потенцираат од кабинетот на Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.