По информацијата дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири дека е заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека новинарката Душица Мрѓа, која ја водела дебатата меѓу заразениотЗекири од СДСМ и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.
Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано. Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија, велат од телевизијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.