Манекенот и спортист Дарко Петковски – Спејко се најде на кандидатската листа за советници на Општина Куманово на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на досегашниот градоначалник Максим Димитриевски.
View this post on Instagram
Домашната јавност го запозна преку учеството во реалното шоу „Големиот брат“, каде победи во 2015 година, за потоа да учествува во уште неколку слични формати на емисии во Србија. Во своето портфолио Спејко има доста разголени фотосесии и видеа, а во архивата на жолтата штампа, пак, многу бурни љубовни врски.
Пред извесно време тој стана спортски директор на КК Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.