Како е во светот, така е и кај нас. Согласно Евростат се попишуваат сите граѓани кои имаат наше државјанство, без разлика дали живеат дома или во странство. Потоа се прави јасна дистинкција на резиденти и нерезиденти, рече премиерот Зоран Заев за пописот на дијаспората, за што за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е голем успех дека Заев конечно почнал да го кажува она што веќе го зборува опозицијата.

Еве ова што го кажа по една година, кои се резиденти а кои не, тоа го зборуваме цело време, рече Мицкоски, потсетувајќи на инсистирањето на опозицијата граѓаните на Македонија кои не живеат една година во земјата да се попишат како нерезидентно население.

Тој објасни дека граѓаните кои живеат повеќе од една година надвор од државата се нерезиденти и дека тоа разграничување е јасно направено.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите од пописот, Мицкоски не одговори конкретно.

-Како можеме да признеме нешто што не сме виделе? Допрва има период кога ќе се вкрстува тоа со базите на податоци. За една година од сега ќе излезат тие пподатоци. Но, првата контрола ќе бидат локалните избори и фингер принт терминалите, истакна опозицискиот лидер.

На тоа Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ветиле дека ќе ги признаат резултатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.