Четиринаестдневно затворање на градинките, основновните и средните училиштата и универзитетите, како и научните институти одлучи Владата на последната седница по препорака на Комисијата за заразни болести. Мерките почнуваат од денеска.
По еден родител на деца до 10-годишна возраст, кои се вработени во државни институции и во приватните фирми се ослободува од работа во наредните 14 дена, а отсуството ќе му биде платено, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
На барање на министерот за здравство комисијата се состана и предложи дополнителни мерки за справување со коноравирусот, откако во земјава се регистрирани седуммина заболени, меѓу кои и директорката на Клиниката за кожни болести која однесе во карантин над 100 лица.
Истовремено се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата, а спортските настани да се одвиваат без публика.Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица, кои доаѓаат од високо и средно-ризичните држави во период од 14 дена.
Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.
Под јавни собири се подразбираат настани на кои има над илјада лица. За се друго, станува збор за препорака, рече Филипче.
Листата на земји со висок и среден ризик ќе биде поставена на страната на Министерството за здравство и таа ќе биде секојдневно ажурирана.
Да се воведе хелт локатор карта за сите летови и за сите авиокомпании.
Тие што не ги почитуваат и ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.