Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во 12:30 часот, ќе одржи прес-конференција.

Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.

Прес конференцијата е по вчерашниот прв ден пауза на Филипче откако започна кризата со коронавирусот во нашата земја.

Вчера беше регистриран и смртен случај на стружанка позитивна на коронавирус која не била примана во болница за што ОЈО веќе отвори предмет. Претходно и Министерството за здравство најави ревизија за случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.