Две недели од последниот случај, денеска во Битола е регистриран нов заболен од коронавирус. До вчера имаше само два активни случаи и битолчани се понадеваа дека за неколку дена ќе раскрстат со болеста.

Сепак денеска повторно има нов случај, со што вкупно 29 битолчани се заразени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата. Од нив 24 се оздравени, а имаше и двајца починати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.