Синоќа Владата на Македонија одлучи на бесправно осудените граѓани во аферата „Сопот“ заведена како судскиот предмет 19П4-939/18 поради неоправдана осуда да им исплати по 5.500 денари или по безмалку 90 евра за секој ден минат во притвор, домашен притвор или во затвор.

Владата исто така ќе ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот.

Судскиот процес за случајот Сопот во кој 11 беа обвинети за тероризам, односно за поставување бомба под џип на НАТО. Тоа се случи на 4 март 2003 година кога загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил. Осум години подоцна беше донесена пресудата против 11 лица од селото Сопот.

Четири години подоцна, во една од „бомбите“ на СДСМ меѓу министерката Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков јавноста дозна дека тоа била политичка пресуда заснована на изјава добиена со ќотек.

Тие беа осудени на вкупно 156 години затвор. Главен доказ беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата, што подоцна се докажа дека е вистина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.