По триесет дена пост верниците од исламска вероисповед денеска го слават Фитр Бајрам (познато меѓу народот како Рамазан Бајрам ). Честитките за овој верски празник почнуваат по завршување на Бајрамската молитива. Оваа година како резултат на пандемијата со КОВИД-19 во џамиите Бајрамската молитва ќе се одвива под мерките и упатствата дадени од страна на здравствените власти за носење маска и почитување на физичка дистанца од минимум 1,5 метри.
Слични препораки до имамите и советите на џамиите упати и Исламската верска заедница (ИВЗ), која донесе одлука оваа молитва годинава да не трае повеќе од 15 минути, односно при присуство во џамиите верниците да ги почитуваат дадените упаства.
Како првевенција од ширење на коронавирусит и почитување на физичката дистанца, од ИВЗ исто така упатија апел до верниците по можност при обавување на Бајрамската молитва повеќе да ги користат дворовите на џамиите.
Освен здравствените институци, и имамите и оџите упатија апел до верниците за редуцирање на бројот на посети на овој голем ден за муслиманите, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните.
Како во време на месецот Рамазан, така и за Бајрамската молитва, џамиите во соседно Косово нема да бидат отворени. Муслиманите во оваа држава за разлика од другите години молитвата за Фитр Бајрам ќе треба да ја обавуваат дома. Реисулот на ИВЗ на Косово, Наим Трнава на последната средба со Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека тие како најголема верска заедница ќе ги почитуваат мерките за да побрзо се надмине епидемијата на КОВИД-19.
Од друга страна во Албанија, долгогодишната традиција на обавување на Бајрамската молитва на главниот плоштад на Тирана, оваа година нема да се реализира. Верниците од исламската вероисповед оваа молитва прв пат по многу години во Албанија, Бајрамската молитва ќе ја вршат внатре во џамиите.
Светите муслимански места Мека и Медина во Саудиска Арабија после многу векови, молитвата на Рамазан Бајрам ќе ја обавуваат без вообичаното присуство на поголем број верници.
Освен забраните за странски лица да патуваат во оваа земја, саудиските власти донесоа одлука од 23 до 27 мај да се воведе целосен карантин. Минатата година бројот на верници кои одлучија да го прослават празникот Рамазан Бајрам во овие две свети места надмина над еден милион муслимани.
Забрана за одвивање на Бајрамската молитва донесе и Дијанетот на Турција. Во нивното соопштенито со јавноста се вели дека иако нема да има верници во џамиите, од минарињата на џамиите ќе се слушаат молитви и текбири (величување на Алах) на разглас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.