Мештаните, општините и државата се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, истакна премиерот Заев во објава на неговата официјална Фејсбук страница.
„Австрија – 139 луѓе, 57 возила; Словенија 45 луѓе, 11 ПП и транспортни возила; Србија 16 луѓе, 4 хеликоптери за гасење пожар; Бугарија – 25 луѓе, 3 ПП возила, 1 џип, 1 автобус; Романија – 1 авион за гасење пожар, 1 авион за транспорт на логистички средства. Вечно ќе се памети помошта која живот значи“, се вели во ФБ објавата на премиерот Заев.
Тој порачува дека ситуацијата се следи постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата. „Со граѓаните и со пријателската помош, заедно ќе се справиме со оваа опасност“, порачува Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.