Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во статус на фејсбук објави дека по 23 дена борба со ковид-19 од кои 12 дена на Инфективната клиника, тој е здрав и продолжува со редовните работни обврски. Мицкоски објаснува дека со коронавирусот се соочило и неговото семејство и на сите им порачува да се чуваат и да се штитат од болеста.

Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи. Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница Мајка Тереза. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски! Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ додава дека ја продолжува борбата против власта.

Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и криминална влада, уште пожестоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе.
Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа, е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!, вели Мицкоски.

Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 22 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.