Независниот  синдикат за образование и наука утре од 13.00 часот до 14.00 часот, пред зградата на МОН, ќе одржи протест.

Претседателот на НСОН – Томислав Гиевски, преку пресконференција ќе се обрати до медиумите со цел да ја запозне широката јавност за Барањата на НСОН и проблемите со кои се соочуваат просветните работници.

Оттаму велат дека и покрај повеќето обиди за воспоставување дијалог, со цел да бидеме сослушани, ние, просветните работници кои сме синдикално обединети во Независниот синдикат за образование и наука- НСОН, избравме својот револт поради игнорантскиот однос на надлежните и своите барања кои се засновани на позитивните законски одредби во државата да ги изнесеме во форма на протест.

Барањата на синдикатот се следни:

  1. Исплата на плата за просветните работници во согласност со Колективниот договор ;

  2. Исплата на платите согласно со Закон и Колективен договор, најдоцна до 10-ти во месецот ;

  3. Исплата на додаток на плата за наставниците кои работат со двојно зголемен фонд на часови ;

  4. Исплата на регрес за годишен одмор од кој просветните работници моментално се изземени ;

  5. Организиран превоз, месечна карта за јавен превоз или месечен надоместок за патни трошоци за просветните работници кои патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина;

  6. Трансформација на работниот однос на просветните работници кои во континуитет се вработени две или повеќе години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.