По недобивањето на парични средства од солидарниот фонд за справување со последиците од ковид пандемијата, од Европската Унија појаснуваат дека Македонија во моментот на аплицирање не ги исполнувала поставените критериуми
Европската Унија обезбеди одржлива помош за Македонија милион евра за покривање на медицински материјали и опрема, поддршка на ранливите групи, бизниси како и за
макрофинансиска помош. Сепак за паричните средства од солидарниот фонд на Европската Унија, во моментот на аплицирање, Македонија не ги исполнуваше критериумите – вели Ана Писонеро, портпаролката на ЕК.
Случајот наиде на низа реакции од опозицијата која ја обвини власта за корумпираност. Од Секретаријатот за Европски прашања појаснуваат дека Македонија не направила доволно
расходи во првите месеци од ковид кризата со што не е исполнет условот за користење на помош.
Колачот од скоро 530 милиони евра ќе се подели помеѓу 17 членки и 3 земји кандидати. Од земјите кандидати, најголем дел ќе добие Србија односно 12 милиони евра, Албанија 900
000 а Црна Гора скоро 200 000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.