Во Кривичниот суд во Скопје во случајот познат како „27 април“ вчера беше изречена казна од 12 години затвор за Горанче Ангеловски-Ќосето, кој одби да се брани од слобода, бидејќи како што рече – немал пари да се врати во Велес.
Денеска, Ангеловски упати писмо до својата сопруга Наташа.
Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште, нема да има кога. Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата. Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е. Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија. Чувај ми се, Наташа, пишува Ангелов во писмото до сопругата и семејството што беше објавено на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.