Жртвите од сообраќајката на автопатот Струма, кои беа сместени во „Пирогов“, се во стабилна состојба. Нема опасност по нивните животи, информираат лекарите од софиската болница за БТВ .
Вчера биле оперирани две лица кои исто така се во добра општа состојба.Повредените кои биле на интензивна нега се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.
Една од жртвите денеска треба да биде оперирана. Со оглед на шокот од она што се случи и тешките психички трауми пациентите добија специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат од болницата, појаснуваат од „Пирогов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.