Откако во јавноста беа објавени видео материјали на кои се гледа дека премиерот Заев и вицепремиер Љупчо Николовски го кршат Законот за сообраќај нивната партија СДСМ се обиде да направи политички поени во јавноста објавувајќи казни кои МВР ги изрекла за двајцата.
Но обидот за ефтин ПР предизвика низа други проблеми пред се за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и началник во МВР кој се согласил да учествува во спорното пропагандно казнување на двајцата први луѓе во владата и владеачката партија.
На фотографиите од казните што ги објавува сајтот центар.мк како што забележуваат граѓани се направени неколку грешки кои се надвор од процедурите на МВР.
На фотографијата од казната за Заев и Николовски пишува дека се работи за прекршок сторен со мотор марка БМВ но не и која е регистрацијата на возилото што е материјална грешка за која ќе одговара полицаецот што го направил документот но и тој што му наредил вака да го пополни записникот.
Втората правна грешка за која треба да сносат одговорност одговорните во МВР е фактот што казната за Заев и Николовски е напишана на 22 септември односно накмалку 48 часа откако Заев е фатен на видео како вози без заштитен шлем и го крши законот.
Што се случувало во овие два дена може само да се претпостави но извесно е дека МВР немала проблем да го најде сторителот на прекршокот.
Истрагата на Внатрешната контрола ќе треба да утврди кој и од какви причини влијаел на полициските службеници да го прекрши законот во овој случај.
Третиот и најсериозен прекршок во казната за Заев и Николовски е фалсификувањето на делови од записникот за што според законот следува и кривична пријава.
На фотографијата јасно се гледа дека датумот кога е сторен прекршокот е менуван односно најпрвин е напишана единица а потоа променета во бројот 2 (21 = 20) што е кривично дело фалсификување на службени документи и за кое следува и затворска казна.
Чкртањето на бројката два е забележливо на двата документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.