Претседателот на ДУИ Али Ахмет, ја претстави новата платформа и петте клучни ветувања, што од партијата ги нарекуваат 5 завети, до кои кандидатите за градоначалници ќе се придржуваат.

Петте точки до кои кандидатите за градоначалници ќе треба да се придржуваат, како што посочи Ахмети се: зелената агенда; дигиталната агенда; агендата на отворена вратa; aгендата на вклучување на граѓаните и агенда нула – што подразбира нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо менаџирање, нула корупција, нула кучиња скитници, нула недостаток на паркинг, нула градби без дозволи, нула негрижа за граѓаните.

Се договоривме сите кандидати да се придржуваме на зелената агенда за да го подобриме квалитетот на живеењето. Зеленото подразбира чисти општини без отпадоци по улиците и населбите. Зеленото значи чиста вода за пиење во сите општини. Зеленото значи чист воздух за нас и за нашите деца. Зеленото, драги пријатели, е живот. Но истовремено подразбира и модерна патна инфраструктура, чиста и евтина енергија за сите граѓани создавајќи одржливи работни места за поттик на нашата економија – рече Ахмети.

Фокусот е ставен на зелената агенда.

Што подразбира инвестиција во ефективно менаџирање со отпадот, довршување на канализационите мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, патеки за трчање и велосипедски патеки, паркинзи, олеснет сообраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови, вели Ахмети.

Вториот завет е дигитална агенда што подразбира дигитализација на администрацијата, училиштата, брз и квалитетен интернет. Третиот е агенда на отворена врата што значи дека вратите на институциите не смета да бидат затворени за проблемите на граѓаните. Четвртиот е агенда за вклучување на граѓаните во носењето одлуки. Петтиот завет на Ахмети се однесува на агендата нула.

Четвртата новост на овие избори е политиката НУЛА што подразбира нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо менаџирање, нула корупција, нула кучиња скитници, нула недостиг од паркинг, нула дивоградби, нула граѓани кои се запоставени, изјави Ахмети.

Ахмети вети дека овие 5 завети не се предизборно ветување, туку нов задолжителен код на однесување за квалитетен живот за сите граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.