Пратеникот Бране Петрушевски oд ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук му одговара на лидерот на Левица Димитар Апасиев на одбиената негова понуда со здружени сили да го срушат Заев од власт.

Петрушевски го нарекува Апасиев „малиот Фрчко“ и оти со изрази  „куриња, куртони..“ кои се често употребувани од него, не се владее.

 

Левица сама не може ни сега, а нема да може ни во иднина да стане самата власт. Но, очигледно Апасиев сака тоа да го искуси по потешкиот пат-јасен е Петрушевски.

Тој е убеден дека Левица ќе има четири пати помалку гласови од ВМРО, тоа нема да се промени до следните парламентарни.

Би сакал да прашам – кој најмногу користи од ваквиот став на Апасиев?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.