Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го обвини пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, дека се обидува да внесе раздор меѓу опозицијата во Собранието.
Лажното патриотче Апасиев повторно лаже и внесува раздор во опозицијата.
При гласање за Законот за државјанство, во салата имаше присутни 68 пратеници, без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, што е повеќе од доволно за кворум.
Додека ние ги штитиме македонските национални интереси, токму на денот кога се усвои нашата резолуција за црвени линии, Апасиев по наредба на неговиот стопан Заев свесно ја дефокусира јавноста, удирајќи лажно по ВМРО-ДПМНЕ.
За чии интереси работи Апасиев нека проценат граѓаните – вели Петрушевски, споделувајќи листинг од гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.