Владимир Петрушевски, универзитески професор на денешното обраќање во Собрание при разгледување и коментирање на новиот образовен концепт потенцираше дека власта и Министерството за образование и наука не треба да го игнорира ставот што 33 академци не го прифаќаат овој концепт.
-Еве сега сме на нов концепт за основно образование и јас и понатаму се држам со тезата дека за да правиш нешто треба да имаш докази дека тоа што го правиш е добро. Кога би биле доследни сега вие сите би ми честитале, но се плашам дека ова нема да се случи, ако сите бевме биле доследни ќе се случеше нешто друго.
Вие самите министерке, членови на тимот ќе ме поканевте на оваа дебата за да слушнете мислење аргументирано различно од вашето, но тоа не се случи. Не е човечки да се прекројува вистината, ако МАНУ не дала поддршка, тоа е факт и тој факт го знаеме, ниско е да се повикуваш на мислење на 3 академици на мислење што ти оди во прилог, а да го игнорираш ставот на 33, па добро барем не можевте да го обезбедите претседателот на МАНУ да биде тука, а не сте го поканиле ниту него, ниту МАНУ и тоа го имам од прва рака, рече професор Петрушевски во своето обраќање.
Понатаму професорт укажа дека дека тој доаѓа од Природно математичкиот факултет и дека овој факултет не дава поддршка за овој образовен концепт. -Природно математичкиот факултет е против концептот со огромно мнозинство, дегутантно е да се најде човек од ПМФ кој поддржува за да каже дека и од ПМФ имаш поддршка, а премолчуваш дека стотина души мислат поинаку, посочи професорот. Петрушевски на крај порача дека треба да се стави во мирување оваа работа со промена на образовниот концепт.
-Апел од мене кренете раце од ова работа сега, ставете ја во мирувања и извршете пилот тестирања на овој модел , додаде професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.