Епидемијата го извади на виделина вистинското лице на власта која што заборави дека државата постои за граѓаните – вели Марија Петрушевска, член на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето видео обраќање.
На прагот на најголемата криза до сега, здравствена и економска, Вие со право сте загрижени. Македонија е пред предизвикот на несигурност и неизвесност.
Граѓаните мора да бидат слушнати. Нивните проблеми, нивните идеи, нивните предлози, нивните решенија. Тие, граѓаните на Македонија се непресушниот извор на ресурси.
Нам блискоста до народот ни е исклучително важна. Како народна партија, потекнуваме од вас и постоиме за вас, за заедно да ги надминеме предизвиците.
Многу пати до сега сме покажале дека заедно можеме се’, заедно ќе се избориме и со овие предизвици.
Пишете ни, испратете ни ги вашите предлози и идеи, пишете ни што ве мачи и како може да се надминат проблемите.
Сите ваши иницијативи внимателно ќе ги разгледаме, и од нив ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат спроведени.
Вклучете се на иницијативата Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА” – вели Петрушевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.