Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, на вечерашната собраниска седница го нарече пратеникот Зекир Рамчиловиќ „предавникот Зекир“.

Рамчиловиќ претходно зборуваше за состојбите во Петровец, по што Петрушевска се јави за контрареплика, посочувајќи дека тој ги лажел и измамил сограѓаните во оваа општина.

За моите сограѓани вие сте и ќе останете предавникот Зекир – порача Петрушевска.

Рамчиловиќ и врати дека ваквиот речник е својствен за ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ја изгубивте поддршката меѓу Бошњаците во земјава и нема да победите на избори се додека не го смените начинот на однесување – изјави Рамчиловиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.