Сопственикот на теретаната „Проџект Фит Скопје“ преку статус на Фејсбук вели дека со Мицкоски се познаваат од мали нозе, а во теретаната бил за да се договорат околу исхраната, но и да си ја земе опремата.
Почекав да помине лудилото кое вчера го зафати дел од медиумскиот простор и во врска со написите со мојата теретана кој е личен мој бизнис кој го работам со децении и преку кој егзистирам јас и моето семејство, во тој контекст сакам да го истакнам следното.
Со Христијан Мицкоски или како што го нарекувам профа се знаеме од мали нозе, и тоа пријателство никогаш не се поврзувало со политика која мене не ме интересира. Тој како и многу мои пријатели вежба во мојата теретана се до почетокот на заразата со корона, каде јас како и многумина од оваа бранша ставивме клуч на врата. Но тоа не значи дека моите контакти престанаа. Мицкоски дојде во тетретаната да си ја земе опремата и да го усогласиме програмот за исхрана и тренинг. И по 30-40 минути си замина. Од тоа одредени медиуми направија тема, дека сум работел, дека се вежбало и слично, без да ме прашаат за вистината која сега ја пишувам. Мојот телефон и секогаш јас како човек сум бил отворен за соработка и тоа го знае секој кој ме познава, така и ќе продолжам. А тие кои неосновано пишуваа за мојата теретана очекувам да објават јавно извинување, во мера и обем како претходно објавената невистина. А до сите останати, а вклучително и профа, по пандемијата, се гледаме на тренинг. Поздрав!, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.