Општините Петровец и Сопиште донираа вода за пожарникарите и доброволците вклучени во гаснење на пожарите кои ја зафатија Македонија изминатава недела. Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, на својот фејсбук профил објави дека заедно со својата екипа го посетил опожареното подрачје во Пехчево, каде биле донирани 2500 литри вода за пиење. Во донацијата со 1000 литри вода за пиење учествувала и фирмата Џанвик.
-Водата за пиење и те како е потребна во ова кризно подрачје кое е зафатено со големи пожари, како за екипите кои учествуваат во гасењето на пожарот така и за месното население. Општина Петровец секогаш помага и ќе продолжи да помага на настраданите жители кои се погодени од вакви и слични катастрофи,бидејки хуманоста треба да се покаже на дело – напиша градоначалникот на Петровец.
Неговиот колега од општина Сопиште, Стефче Трпковски, на социјалните мрежи објави дека е обезбедена донација за борците на терен во пехчевско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.