Денешната одлука на Уставниот суд со која отвора постапка за поништување на Уредбата за намалување на платите на 14.500 денари на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците е срамна и недозволива, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

СДСМ најостро ја осудува оваа срмана одлука на Уставниот суд која е против солидарноста и на директна штета на борбата против коронавирусот, на директна штета на граѓаните. 
Со ова, Уставниот суд спречи обезбедување на 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра во Буџетот за државата за мерки за справување со кризата со коронавирусот. Довербата во Уставниот суд повторно е поткопана. Ја поставува неправдата како соперник во борбата против економските последици од коронавирусот, изјави Петров.

Уште еднаш, додадава Петров, се потврдува потребата и програмската определба на СДСМ за прочистување на судството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.